More

    „Откриено“ кој е виновeн за хаосот на радиологија – пациентите!

    spot_img

    Министерот за здравство, Фатмир Меџити најави денеска дека строго ќе се надгледуваат сите лекари кои издаваат упати и закажуваат термини на пациенти за магнетна резонанца, бидејќи како што вели, оваа постапка се злоупотребува.

    – Заедно со директорите на Радиологија, ќе ги заостриме критериуми, работиме во оваа насока како и во сите други насоки. Тоа што ви кажав на почеток дека веќе работиме навистина интензивно и тоа ќе биде новитет и реалност, таа централизација на радиологија што ја кажавме, но, навистина ни треба време за овие работи. Повторно апелирам до граѓаните да не кажуваат на докторите навистина и тие да сочувствуваат со нас, да знаат точно дека сепак, докторите одлучуваат кој има потреба, а кој не (за магнетна резонанца) – рече Меџити на денешното промовирање на нов дигитален РТГ-апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца, набавен од Министерство за здравство за 23 милиони денари.

    На скопскиот Институт за радиологија пациенти со снимки од магнетна резонанца и компјутерска томографија се пожалија дека со денови чекаат лекарите да им ги прочитаат резултатите, а системот „Мој термин“ покажува дека тешко се доаѓа до термин за снимање и до специјалист.

    Директорка на ЈЗУ Институт за радиологија Гордана Антулеска- Белческа рече дека мора да се прави селекција на пациентите.

    – Ова е многу интересна и премногу барана, дури и злоупотребена метода. Мислам дека е тука основниот проблем. Треба да се прави правилна тријажа на пациентите, значи да се утврди кој пациент е итен за магнетна, нему да му дадеме предност. Заради тоа апелирам и кон своите колеги, да направиме правилна тријажа, со цел да им дадеме предност на оние, на кои навистина магнетната резонанца им е неопходна. Во тој случај, ние би биле и далеку поефикасни – вели директорката Антулеска- Белческа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img