Српскиот актер Милош Биковиќ на својот син му го дал името Василије!
Милош Биковиќ и Ивана Малиќ станаа родители вчера, на 9 јануари. Ивана се породи во приватна белградска болница и на свет донесе момче, а Милош цело време бил со својата свршеница.
Српските медиуми пишуваат дека Биковиќ и неговата избраничка Ивана наводно на синот му го дале името Василије.
Името го „откри“ колегата на Милош, Милош Петровиќ Тројпец, кој објави селфи со Биковиќ и напиша:
„Васаааа“.
Да потсетиме, Милош и Ивана се во врска нешто повеќе од две години.
Актерот за првпат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.
Ивана потекнува од Бар, Црна Гора, а по професија е адвокатка.