Откриени нови детали од хеликоптерската несреќа, еве што соопшти армијата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси во мај годинава, според конзервативните тврдења, била предизвикана од лошите временски услови и неможноста на леталото да го изддржи товарот што го превезувал, соопшти денеска иранската полуприватна агенција Фарс, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор запознаен со конечните резултати од истрагата.

Во прелиминарниот извештај на иранската војска за смртоносната хеликоптерска несреќа во планинска област во близина на границата со Азербејџан, што беше објавен во мај, се наведува дека досега не се пронајдени докази за човечка грешка или напад врз леталото, пренесуваат британските медиуми.

„Истрагата за падот на хеликоптерот на ајатолахот Раиси е завршена и утврдено е дека се работи за несреќен случај“, изјави извор од безбедносните сили на агенцијата Фарс.

Утврдени се две причини за несреќата: временските услови кои не биле соодветни и несоодветната тежина на товарот што го превезувало леталото, што довело до пад во планината, додаде изворот на агенцијата Фарс.

Истрагата утврдила дека хеликоптерот превезувал двајца патници повеќе од бројот на патници пропишан со безбедносниот протокол.

Share This Article