More

    Откриена вистинската причина поради која Србинот не го интересираат егзотични дестинации!

    spot_img

    Никола Јокиќ не е од оние спортисти кои ги полнат батериите по напорната сезона на море и во егзотични одморалишта. Веројатно еден од илјада!

    Центарот на Денвер кој освои НБА прстен и титула е единствен во овој поглед, бидејќи со семејството почива во родниот Сомбор, во војводинската рамнина.

    Како и изминатите години, Никола Јокиќ со семејството, сопругата Наталија и ќерката Огњена во текот на летото пристигна во татковината од Америка. И таму ужива во викендица надвор од градот и секое лето му е „море“.

    Србинот е познат по тоа што својот приватен живот го држи подалеку од јавноста и медиумите. Нормално е дека сака мир и тишина, без разлика на неговата популарност бидејќи е прва ѕвезда на НБА.

    Никола Јокиќ живеел со родителите и браќата Страхиња и Немања во зграда на четврти кат во улицата „Грује Дедица“. Потоа родителите се преселиле во двор со две куќи, каде што живеат и денес. Никола Јокиќ гради нов дом на кружниот тек кон Суботица и Бездан. Сомборчани тој потег го нарекуваат „Венац“.

    На таа локација при крај се трите величествени куќи за Никола и неговите браќа во кои ќе летуваат кога ќе се вратат од Америка.

    Тоа ќе биде оаза на мирот за семејството Јокиќ, а целиот имот ќе биде опкружен со висока ограда, исто како во војводински стил, за да се зачува спокојството и приватноста. Според мештаните на Сомбор, вилата на Јокиќ била изградена во форма на кириличната буква „Г“.

    За тоа што му се допаѓа на Јокиќ во интервју за „BSC Happy portal“ проговори и неговиот кум Небојша Вагиќ.

    – Никола кога е во Сомбор, освен во дружење и грижа за коњите, ужива во рекреативни активности, играње тенис, пливање во базен, риболов, а често оди и во викендица. Ние двајца сакаме да подготвуваме храна во нашата домашна работилница, многу му значи да биде опкружен со луѓе што ги сака. Само така се чувствува комфорно покрај нас – рече Вагиќ и додаде:

    – Не сака никакви турбулентни ситуации. Сака да оди на рафтинг во слободно време, секоја година заедно одиме на Тара. Ја обожава природата, без разлика дали е на Дуван, реката Тара или планините. Тоа се активностите кои не ги прескокнува, ништо спектакуларно. Накратко – добра храна, добри луѓе, коњи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img