Децата кои се затруја во белградски ноќен клуб на 15 февруари се отруени со етанол, а не со шпиритус, како што се мислеше претходно, изјави министерката за здравство на Србија Даница Грујичиќ, додавајќи дека немало психоактивни супстанци, туку тешко труење со алкохол.
Грујичиќ рече дека го смета организаторот на забавата одговорен за тоа што се случило.
– Немаше други психоактивни супстанци, тоа не се деца кои користеле дрога. Изгледа некој истурил медицински алкохол во шишиња и тоа само по себе е кривично дело – рече министерката.
Таа посочи дека го смета организаторот на настанот за одговорен за труењето на децата, и додаде дека смета дека организаторот треба да заврши во затвор, а клубот во кој се случи труењето да се затвори.
Таа рече дека помош за труење побарале 28 лица, од кои само двајца се полнолетни, а сите други малолетни. Од нив 12 се задржани на лекување, што, како што рече, значи дека имале тешко труење со етанол.