More

    Откриена причината за ненадејната смрт на Тајлер Кристофер

    spot_img

    Актерот Тајлер Кристофер почина на 50-годишна возраст на 31 октомври. Тој е најпознат по неговите улоги во „Општа болница“ и „Денови на нашите животи“, кои му донесоа пет номинации за Еми награда.

    „Со голема тага ја објавуваме смртта на Тајлер Кристофер. Тој почина утринава по срцев удар во неговиот стан во Сан Диего“, напишала Пола Смит, сопругата на колегата на актерот Морис Бенард, кој глумеше со него на „Општа болница“, пишува „Пипл“.

    Тажната вест ја објави и Морис Бенард на Инстаграм, истакнувајќи дека Тајлер го осветлувал екранот во секоја сцена што ја изведувал и уживал да им донесе радост на своите верни обожаватели.

    „Тој беше мила душа и прекрасен пријател на сите што го познаваа“, порачал актерот и нагласил дека Тајлер Кристофер бил застапник на борбата за ментално здравје и борбата против зависноста. Тој се борел со биполарна депресија и алкохолизам.

     

    „Ние сме многу уништени од загубата на нашиот драг пријател и се молиме за неговите деца и татко“, напиша тој.

    Кристофер Тајлер го глумеше Николас Касадин во „Општа болница“ oд 1996 до 2016 година, додека од 2018 до 2019 година беше член на актерската екипа во „Денови на нашите животи“ .

    Тајлер Кристофер беше во брак со поранешната репортерка на ЕСПН Бриен Педиго од 2008 до 2021 година, со која имаше две деца. Од 2002 до 2004 година, тој беше во брак со актерката Ева Лонгорија, со која се разведе по две години брак.

    За актерот се грижеше неговата сестра од 2019 година, а тој во јули за „Блумберг“ зборуваше за повторно преземање на контролата врз својот живот.

    „Никогаш за милион години не би помислил дека некој од моето семејство ќе ме искористи“, рече тој. А набргу потоа напиша на Инстаграм: „Споделувањето е дел од процесот на оздравување“.

    Актерот бил по старателство на неговата сестра додека се одвикнувал од алкохолизам. Тој паднал, ја удрил главата и по внатрешно крвавење му била извршена операција која му го спасила животот. Додека бил во болница, неговата сестра поднела барање за старателство.

    Тој ја тужел својата сестра Сузан Асмо Бејкер дека 40.000 долари кои биле наменети за грижа за него ги искористила за да го исплати долгот на кредитната картичка и да му купи лаптоп на нејзиниот син, што таа го негирала.

    Во мај, тој бил уапсен поради јавно опивање и беше ослободен од затвор со кауција од 250 долари. Тој бил уапсен и во 2019 година за сличен инцидент затоа што пијан заспал на задното седиште во такси. Ја признал вината, а судијата му наредил да оди на рехабилитација. Кога го прославувал 47-от роденден, исто така бил уапсен поради пијанство и тој ден го поминал зад решетки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img