Откриена поврзаност на терористите со украинските специјални служби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
April 14, 2022, Gao, Gao, Mali: Aerial view of the Intahaka gold panning site in the Gao region.,Image: 689332689, License: Rights-managed, Restrictions: * Belgium and France Rights OUT *, Model Release: no, Credit line: Tanguy Vabatte / Zuma Press / Profimedia
- Advertisement -
Ad image

Истражниот комитет на Русија соопшти дека открил поврзаност меѓу напаѓачите на концертната сала „Крокус Сити Хол“ ​​во Москва и украинските специјални служби, пренесе руската агенција ТАСС.

„Истрагата веќе доби значајни информации за околностите на подготовката на терористите за злосторството, што може да укажува на нивната поврзаност со украинските специјални служби“ – се вели во соопштението на Комитетот.

Се додава дека досега во кривичната постапка се идентификувани 11 лица кои учествувале во извршување на терористичкиот напад во Москва во кој на 22 март загинаа 144 лица и дека на сите им е поднесена кривична пријава и е одредена мерка притвор.

„Се спроведуваат истражни дејствија и оперативни претреси за откривање и приведување на други учесници во кривичното дело, сторители, соучесници и организатори“ – соопштија руските надлежни служби.

Рускиот Истражен комитет пред три дена објави дека проверува евентуална „украинска трага“ во нападот врз посетителите на концертната сала во близина на Москва, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.

„Истражителите успеаја да ги вратат податоците од мобилните телефони на обвинетите за нападот врз концертната сала во Крокус“ – се вели во соопштението на Истражниот комитет, одговорен за главните истраги во земјата.

Според податоците од мобилните телефони, еден од обвинетите на втората годишнина од рускиот напад на Украина, пребарувал на Интернет и пронашол фотографии од влезот во концертната сала и му ги испратил на претпоставениот.

Share This Article