Фосилот на суштество старо 560 милиони години, за кое истражувачите веруваат дека е првиот животински предатор, го добил името по познатиот британски натуралист и автор на култни научни телевизиски програми Дејвид Атенборо.
Научниците рекоа дека веруваат дека примерокот, наречен Auroralumina attenboroughii, е најраното суштество за кое е познато дека има скелет. Според нив, тоа е поврзано со група која вклучува корали, медузи и морски ежови.
„Се смета дека модерните животински групи како што се медузите се појавиле пред 540 години во камбриската експлозија“, рече Фил Вилби, палеонтолог во Британскиот геолошки институт, додавајќи дека овој предатор датира од „20 милиони години“.
Тој рече дека е „ужасно возбудливо“ да се знае дека фосилот е еден од можеби многуте што го имаат клучот за „кога започна сложениот живот на Земјата“.
Фосилот е пронајден во шумата Чарнвуд во близина на Лестер во централна Англија, каде Атенборо порано одел на лов на фосили.
Деведесет и шестгодишниот Атенборо рече дека е „навистина воодушевен“.
Френки Дан, од Природонаучниот музеј на Универзитетот во Оксфорд, рече дека примерокот е многу различен од другите фосили пронајдени во шумата Чарнвуд и ширум светот.
За разлика од повеќето други фосили од Камбрискиот период, овој очигледно има скелет, со густи пипала кои би се треселе во водата и би ја зграпчиле храната што поминува, исто како што прават денес коралите и морските ежови.
Камбриската експлозија е името што го опишува ненадејното појавување на сложени повеќеклеточни макроскопски организми во периодот пред 542-530 милиони години. Потоа се појави огромна количина на различни суштества. Многу од нив имаат развиено тврди делови од телото како што се школки.