Концертот на бендот „Рибља чорба“ кој требаше да се одржи на 30 декември во 20 часот во плоштадот во Ниш е откажан, потврдија организаторите.
Причината за тоа, според претставниците на бендот, е лошата здравствена состојба на фронтменот на бендот Бора Ѓорѓевиќ.
Претставниците на бендот на социјалните мрежи објавија дека лекарите му забраниле на Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тежок грип и проблеми со хроничната опструктивна болест на белите дробови.
„Се извинуваме до небо што нема да можеме заедно да ја дочекаме Новата година во Ниш и Бор. Лекарите му забранија на Бора да патува и да се напрега, бидејќи има силен грип, како и проблеми со хроничната, опструктивна болест на белите дробови. Се разбира, како и секогаш ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави, еве сме на нови дружења. Им се извинуваме на организаторите, како и на сите на кои им ги расипавме плановите. Ве сакаме, среќна Нова година – се наведува во соопштението на бендот.
Центарот за култура во Ниш, кој е задолжен за организирање на новогодишните концерти, работи на тоа да настапи друг изведувач на новогодишната ноќ. Постои можност тоа да биде „Ван Гог“, пренесува „Зона плус“.