Откако испадна од Олимпијадата Надал нема да игра ниту на УС опен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал обелодени денеска дека најверојатно нема да настапи на претстојниот грен – слем УС Опен и навести дека неговата кариера би можела многу брзо да заврши.

Надал вчеравечер загуби во четвртфиналето на олимпискиот турнир во машки двојки со сонародникот Карлос Алкараз и го заврши настапот на Игрите во Париз, откако претходно беше елиминиран во поединелчна конкуренција од Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали ќе замине за Њујорк каде од 26 август до 6 септември на програмата е УС Опен, 38-годишниот Надал рече: „Изгледа дека не, но наскоро ќе ве известам. Засега не можам да ви дадам јасен одговор, ми треба малку време, но ми изгледа тешко“.

Надал потврди дека во септември ќе настапи на Лејвер купот во Берлин, каде пред две години од тенисот се прости легендарниот Швајцарец Роџер Федерер.

Share This Article