More

    Осврт на претставата на Рисимкин во престижниот журнал „La terrasse“

    spot_img

    Скопје танцовиот театар прв пат настапува во Франција со изненадувачка претстава која нѐ носи во земјата на соништата за да разговараме за новините, пишува францускиот престижен журнал за култура  „La terrasse“.

    Престижниот журнал вака го најавува првото гостување на Скопје танцовиот театар и Рисима Рисимкин, со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на сцената на Националниот театар за современ танц во Париз, Франција. Претставите на овој театар ќе се одржат на 16, 17 и 18 март 2022 на сцената „Firmin Gémier“ во овој прекрасен театар на Трокадеро.

    – „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин е претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје танцовиот театар од 2011 година, е една од најпопуларните и најплодните македонски кореографкиТаа се појавува на големите меѓународни сцени, но е сосема непозната во Франција, и затоа, ќе биде вистинско откритие, кое ќе го доживееме во Шајо. Со своите седум танчери, Рисима Рисимкин ја доведува во прашање експресивноста на движењето во времето на пандемијата. Надвор од оваа општоприфатена тема, Скопје танцовиот театар нѐ поканува да ги истражуваме имагинарните идентитети, изнесувајќи чудни ликови, запленети од големата интензивеност на танцотРисимкин неодамна ни се довери дека во овој опус, „се обидува да најде јазик што функционира во ова нефункционално време“. Таа го прифаќа предизвикот да создаде интимен танц во кој танчерите никогаш не се допираат. Водена од софистицирана сценографија и костими, таа ни претставува апокалиптичен свет кој ја истакнува нашата изолација, но ја брани убавината од сите препреки – напишаа Делфин Бафур и Агнес Изрин за магазинот „La terrasse“.

    Понатаму тие додавааат:

    – Рисима Рисимкин, создавајќи и работејќи од Скопје, успева да создаде платформа за современиот танц во Македонија, но и да се пробие како автор надвор и да гостува со свои претстави на најзначајните современи танцови сцени, на светско ниво. Во 2010 година за прв пат работи во Националниот балет на Љубљана во 2010 година, а истата година гостува како кореограф-гостин во Холандија. Во сезоната 2012/13 година е уметнички директор на Националниот балет на Анталија, Турција, каде има можност да остане четири години, но се враќа во Македонија за да ја продолжи својата мисија за развој на современиот танц кај нас. Рисимкин е професор д-р, основач на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“, а предава на многу танцови акадмии во Европа, САД и Кина. Основач е на интернационалниот фестивал Танц Фест Скопје, кој во своите програми ги реализира гостувањата на „Холандскиот танцов театар“, Националниот балет на Протугалија, „Скапино балет“, „Галили танцовата компанија“, „Филаданко!“ и други извонредни, светски танцови компании, кои остварија незаборавни гостувања во Скопје и го обликуваа вкусот на нашата публика. Во 2022 година на овој престижен фестивал, единствен за танц во земјава, се очекува гостувањето на легендарната Марта Греам танцова компанија од Њујорк, САД. Рисимкин е и основач на Скопје танцовиот театар со кој во 2022 година, го остварува историското гостување во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз.

    Скопје танцовиот театар, основан и предводен од Рисима Рисимкин, во своите 10 години постоење, успева да се пласира на интернационалната современа танцова сцена и да гостува на најпрестижни фестивали. Скопје танцовиот театар, зад себе има остварено преку 70 продукции. Компанијата, покрај препознатливиот стил на короеграфката Рисимкин, овозможува и развој на млади уметници и гостува со своите продукции на сцени во Европа, Америка и Азија. Во 2020 Скопје танцовиот театар имаше настап на „Соло танцовиот фестивал“ во Анкара, Турција, со дел од претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин, во изведба на Адријана Данчевска. Во 2018 година, со претставата „Кожа“, компанијата гостуваше на најзначајниот фестивал за танц во Европа – „Holland Dance Festival“, а во август истата година, го затвори 37-то издание на фестивалот „Battery Dance Festival“ во Њујорк, САД. Во октомври 2018 година Скопје танцовиот театар настапи на Интернационалниот фестивал за танц на Пекингшката академија за танц со проектот „Егзистирање“. Скопје танцовиот театар има остварено настапи и на „Share“ фестивалот, во Братислава, Словачка (2017 и 2019), „Mariytime Silkroad Festival“ (2017) во Чуанџо, Кина; „Meet in Beijing“, најголемиот интернационален фестивал за изведувачки уметности во Пекинг, Кина, „Open stage program“ во Хаг и Ротердам, Холандија (2015); ИТС фестивалот во Амстердам, Холандија, (2013); Саем за танц, Дизелдорф и Културбункер во Келн, Германија (2012) и во Хрватска на Интернационалниот фестивал за современ танц и невербален театар, Санвинченто, (2011). На дел од овие гостувања покрај делата на Рисимкин, се пласираат и дела на младите кореографи Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски и Дејан Битровски како млади сили на современиот танц кај нас. Работата на Скопје танцовиот театар е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.

    Претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, за која кореографијата е на Рисимкин, музиката ја напиша Тони Китановски, костимите ги изработи Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, публиката ќе може да ја проследи на 10 март на големата сцена на Македонскиот народен театар, пред заминувањето за Париз. Во претставата настапуваат Анастасија Данчевска, Мими Поп Алексова, Сара Цветковска, Бобан Русески, Дејан Битровски, Викторија Коцева, Стефани Шааршмит, Андреј Димовски и Емилија Милак.

    Резервации за билети на овој број 070 355 510.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img