Директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), Љиљана Радуловиќ, изјави дека осум лица се пријавиле во таа здравствена установа по денешната експлозија во Основниот суд.
„Осум пациенти се пријавиле за преглед во Ургентниот центар. Пет од нив се со физички повреди. Четворица пациенти ќе бидат примени на понатамошно болничко лекување“, рече Радуловиќ.
Таа додаде дека сите се витално стабилни.
По пристигнувањето на дијагнозата ќе видиме дали на некој од нив ќе му биде потребен хируршки третман и веројатно ќе биде потребно“, додаде Радуловиќ.