Британскиот пејач Хари Стајлс (28) во неделата одржа концерт во Богота, кој мораше принудно да го прекине бидејќи некои од фановите во првите редови почнаа да се гушат и да се онесвестуваат.
Стајлс од сцената забележал дека осумте фанови кои биле пред него се во опасност и го прекинал концертот за да ги замоли другите да им помогнат. Затоа ја замолил публиката да се оддалечи од нив за да не дојде до уште поголеми проблеми.
– Возбуден сум што сум овде и знам дека ќе биде одличен концерт, но најважно е луѓето да се безбедни. Овде е многу жешко и има многу луѓе, ве молам поместете се неколку чекори назад, но многу, многу бавно – рекол Хари за време на концертот.
Видеото кое се рашири на Твитер, а во кое може да се слушне што рекол пејачот, го коментираа и многу други посетители на концертот, од кои еден рекол дека се плашеле за своите животи.