Осум члена го напуштија Претседателството на ДПМ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

„На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа: Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска“, известуваат писателите.

Тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат плодна и успешна работа.

МИА објави дека и книжевникот Бранко Цветкоски поднел неотповиклива оставка од членството во Претседателството на ДПМ.

„Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното Претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам неотповиклива оставка на моето членство во Претседателството“, наведува Бранко Цветкоски во писмениот допис до медиумите.

Цветкоски оставката ја најавил на седницата на Претседателството на ДПМ одржана на 4 октомври.

Share This Article