Осуденик од затворот во Куманово кој служи казна од 18 години, а кој користел слободен викенд бил приведен во Штип со автоматски пиштол

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осуденик од затворот во Куманово кој служи казна од 18 години, а кој користел слободен викенд бил приведен во Штип со автоматски пиштол.

-На 30.07.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи заедно со СВР Штип на булевар „Гоце Делчев“ во Штип приведен е В.И. (51) од Кочани бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 мм. Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство – соопштува Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информира дека за случајот е известен јавен обвинител и против кочанчанецот ќе биде поднесена кривична пријава.

Share This Article