Иран го опиша израелскиот напад со беспилотно летало во кој беше убиен високиот функционер на Хамас Салех ал-Арури во Бејрут доцна попладне во вторникот како „кукавичка терористичка операција“.
Гардијан, повикувајќи се на Тајмс оф Израел, го цитираше министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир-Абдолахиан, кој рече:
„Ционистичкиот режим не постигна ниту една од своите цели по неколкунеделни воени злосторства, геноцид и уништување во Газа и на Западниот Брег, и покрај директната поддршка од САД“.
Тој предупреди и дека мирот е загрозен во други земји.
– Злобната активност на терористичката машина на овој терористички режим во другите земји е вистинска закана за мирот и безбедноста и сериозен аларм за безбедноста на земјите во регионот, рече иранскиот министер.
Тој додаде дека нападот во кој беше убиен Ал-Арури во Либан е „кукавичка терористичка операција“.