More

    Останале без муниција, потполно отсечени од Русите

    spot_img

    Претставникот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека 1.026 украински војници на 36-та поморска бригада се предале во Мариупол.

    – Во градот Мариупол, во областа на металуршкиот комбинат Илич, како резултат на успешните офанзивни акции на руските вооружени сили и полициските единици на Народна Република Доњецк, 1.026 украински војници на 36-та поморска бригада доброволно го предале оружјето и се предале – рече Конашенков.

    Според него, меѓу оние кои се предале има и 47 жени. Меѓу нив има 151 ранет и им била укажана прва помош, по што се префрлени во градската болница во Мариупол.

    Претходно, лидерот на Чеченија, Рамзан Кадров, објави дека повеќе од 1.000 украински маринци се предале во Мариупол.

    Вчера од Мариупол дојдоа драматични снимки на украински маринци, а според пишувањата на медиумите тие останале без муниција. Исто така, група од нив објавија видео во кое најавуваат дека немаат избор и дека мора да се предадат.

    Тие рекоа и дека руските војници го опколиле градот и дека само групата „Азов“ останала да го брани градот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img