Осомничениот го признал делото за инцидентот кај „Скендербег“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полицијата го уапсила и третото лице кое имаше пиштол при инцидентот кај „Скендербег“ минатата недела за време на протестите против францускиот предлог.

– На 14.07.2022 од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје лишен е од слобода Р.А. (29) од Скопје. Тој се сомничи дека на 06.07.2022 околу 19.30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје поточно на плоштад Скендербег, испукал со пиштол. Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со Јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност” предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик – информираат од МВР.

Денеска, 29-годишниот Р.А. ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, а од МВР велат дека осомничениот при распитот во полициска станица го признал делото.

Share This Article