More

    Основното јавно обвинителство Скопје нареди са се спроведе истражна постапка против 40-годишник осомничен за – тешки дела против здравјето на луѓето, како и за кривично дело – излагање на опасност

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Скопје нареди са се спроведе истражна постапка против 40-годишник осомничен за – тешки дела против здравјето на луѓето, како и за кривично дело – излагање на опасност.

    Споре ОЈО, осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето.

    Тој заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение.

    Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето.

    Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле оштетените деца во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај децата било констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта.

    Осомничениот претходно станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно самиот ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош.

    Надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи и до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

    Од МВР, пак, соопштија дека целосно е расчистен случајот.

    Во соопштението се наведува дека од страна на полициски службеници на СВР Скопје веднаш се  преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба. Притоа, од страна на  увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење.

    „Од извршените разговори со малолетните лица е  констатирано дека тие во текот на вечерта на 11.07.2024, пристигнале на наведената адреса, во куќа во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а куќата е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти. Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале, и при тоа се здобиле со повреди“ се вели во соопштението.
    Д.Ѓ.  е лишен од слобода и со него е извршен разговор во кој ги потврди исказите од малолетните лица.

    Против него е поднесена кривична пријава, а тој е изведен пред Судија на претходна постапка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img