More

    Основното јавно обвинителство Куманово информира дека сè уште се во сила мерките на претпазливост определени на српскиот пејач Ѓорѓе Давид

    spot_img

    Основното јавно обвинителство Куманово информира дека сè уште се во сила мерките на претпазливост определени на српскиот пејач Ѓорѓе Давид, кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце, откако српските медиуми објавија дека рокерот веќе се вратил во својата земја и за утре најавил прес-конференција.

    „Согласно информациите кои ги има Обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот, како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа сè уште не се пристигнати до Обвинителството, велат од ЈОРСМ.

    На 22 јануари кумановското Обвинителство определи мерка на претпазливост и привремено му го одзеде пасошот и други документи на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа, во која загина 49-годишна кумановка пред граничниот премин Табановце.

    Во сообраќајната несреќа, која се случи на 20 јанури, учествуваа три автомобили меѓу кои и возилото „опел инсигниа“ со кое управувал 59-годишниот Ѓорѓе Давид. Во несреќата почина Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „фолксваген поло“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img