More

    Основниот суд во Кавадарци утре ќе се изјасни за тоа дали ќе се отвори стечајна постапка за „Еуроникел индустри“

    spot_img

    Основниот суд во Кавадарци утре ќе се изјасни за тоа дали ќе се отвори стечајна постапка за „Еуроникел индустри“, откако вработените на 22 овој месец поднесоа барање до судот.  Барање за стечај на компанијата претходно поднесе и прилепска компанија.

    – Во оваа фаза се испитуваат услови, дали постојат услови за отворање на стечајна постапка, потврди за МИА Елизабета Петковска, в.д. претседателка на судот, која ќе го води рочиштето.

    Вработени во „Еуроникел“, на 22 јануари поднесоа барање за стечај во фабриката, барајќи обесштетување и  да им бидат исплатени три неисплатени плати.

    – Една прилепска компанија доверител претходно има поднесено вакво барање и ние сега само се приклучуваме кон тоа барање за кое ќе се одлучува на втори февруари. Нашите плати се приоритетни, ние како работници сме доверители од прв ред – рече тогаш Миле Ѓорѓиев, претседател на синдикалната организација во фабриката.

    Досегашни вработени во фабриката очекуваат дека по стечајот ќе се изнајде купувач на имотот од банката доверител што сега го има во сопственост имотот за пак да се рестартира фабриката.

    – Инвеститорот нема врска со стечајот. Инвеститорот работи на купување на делот од банката што е ставен под хипотека, имотот, а компанијата „Еуроникел“ оди под стечај. Ќе се отвори нова компанија и ќе продолжи да стопанисува со комбинатот. Според информациите што ги добивме,  финални разговори имало со турски инвеститор и се надеваме дека ќе се постигне договор – вели претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство Игор Герасов

    Во изминатиот период вработените неколку пати протестираа, незадоволни од ситуацијата во која што се најде комбинатот за фероникел, што работи со децении. Тие нагласуваа дека од гигантот директно егзистираат околу 800 семејства,  а индиректно многу повеќе и дека години наназад тој претставува значаен фактор во кавадаречката и македонската економија.

    Во моментов околу сто луѓе одат на работа во фабриката за да ја одржуваат печката во топла состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img