Основниот кривичен суд Скопје информира дека предметот „Титаник 2“ вчера бил доставен во Алелацискиот суд за надлежно постапување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека предметот „Титаник 2“ вчера бил доставен во Алелацискиот суд за надлежно постапување.

„Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот ја информираме јавноста дека предметот со КОК бр. 7/20 од Обвинителството означен како ‘Титаник 2’ на 20.03.2023 година е доставен во Апелациониот суд Скопје на надлежно постапување. Имено, по добиени жалби од обвинетиот М.Т. и неговиот бранител, како и известување од надлежниот Јавен обвинител дека нема да поднесе дополнителни жалби, предметот е комплетиран, испочитувани се сите утврдени рокови и доставен е на понатамошно второстепено постапување“, информираат од Основиот кривичен суд Скопје.

Оттаму додаваат дека по овој предмет, Апелацискиот суд Скопје веќе еднаш има постапувано, па согласно одредбите од ЗКП сега треба да донесе мериторна одлука по добиените жалби.

Сите обвинети во „Титаник 2“, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи и четворица членови на тогашниот состав на ДИК, осудени се на по две години затвор.

Share This Article