More

    Османи за коспонзорството на Македонија во резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, вели дека односот на земјата кон Сребреница е јасно дефиниран со Декларација во Собранието во 2010 година

    spot_img

    По најавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи за коспонзорството на Македонија во резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, вели дека односот на земјата кон Сребреница е јасно дефиниран со Декларација во Собранието во 2010 година.

    Според Маричиќ, одговорноста треба да биде индивидуална, а не колективна.

    – Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со соопштение на Собранието на почетокот на 2010 година, кога нашето Собрание едногласно ја поддржа резолуцијата на ЕП за Сребреница, каде што беше осудена како геноцид. Меѓутоа, мора да разликуваме две работи, едната е во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница мора да се индивидуализира и затоа има судови и меѓународни трибунали, тоа мора да биде по име и презиме, за во никој случај да не се поврзува со цел народ или цела држава – рече Маричиќ.

    За најавата на Османи дека на седницата на Владата ќе предложи повлекување на земјава од иницијативата Отворен Балкан, Маричиќ вели дека треба да продолжат сите иницијативи кои се во корист на граѓаните на Македонија.

    Членството во Отворен Балкан, смета тој, не треба да се политизира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img