More

    Османи вели се прави анализа на секој збор кој е во предлогот

    spot_img

    Ние немаме формално добиено предлог, треба кај нас да стигне како кандидат откако Унијата ќе усогласи став. Се разбира, јас имам начин како да имам пристап до тој документ, правиме анализа, но, ќе кажеме наш став за сите прашања кога ќе дојде време за тоа, кога ние ќе сметаме дека ќе биде во наш интерес тоа да го направиме, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

    Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со ватиканскиот надбискуп Пол Ричард Галагер, за прифатливоста на измените во преговарачката рамка што ги предлага Франција Османи рече дека ги следи со внимание сите јавни објави и сите реакции на граѓаните, и како што рече, „се разбира би сакал да можам да кажам повеќе“.

    – Меѓутоа, тоа што се случува е дека вчера има предлог на претседателството до земјите членки вклучувајќи ја и Република Бугарија, за да се изјаснат за одредени идеи кои што француското претседателство смета дека можат да бидат основа за продолжување на процесот. Јас мислам дека не е во наш интерес ние да ги кажеме нашите позиции во однос на таквите предлози додека не ги слушнеме позициите на земјите членки, откако земјите членки ќе ги изразат своите забелешки, а тоа се 26 земји членки, секоја да каже свој став, рече тој.

    Дополни дека доколку се унифицира, доколку и Република Бугарија го каже својот став, тогаш, како што посочи, и ние ќе ги кажеме нашите ставови.

    – Очекувам разбирање, правиме анализа на секој збор, на секоја реченица, но сметам дека треба да ја испочитуваме процедурата, да чекаме како ќе се изјаснат 27 земји членки, односно 26, имајќи предвид дека Франција има дистрибуирано свој став, посочи тој.

    Прашан за утрешната средба на владините коалициски партнери и дали таа е со цел да се види дали има мнозинство во Собранието да поминат овие точки, Османи одговори дека средбата била закажана уште пред да имаат информација дека ќе се пушти предлог на тој датум.

    – Така што беше поврзана со општите случувања, војната во Украина, економската и енергетската криза. Се разбира, европските перспективи. Јас не исклучувам дека поради тоа што коинцидира со пуштањето на овој предлог дека нема да биде доминантна тема, но, не беше обмислена таа средба за ова прашање. Беше едноставно да се информираат коалициските партнери за сите прашања кои што се случуваат, меѓутоа, да, доколку тие бараат јас сум подготвен да присуствувам и во функција да ги објаснам нашите ставови, но, сметам дека треба прво да видиме што ќе се случи во Софија, што ќе се случи во земјите членки а потоа да ги комуницираме нашите ставови, одговори тој.

    Османи истакна дека не сака нашите ставови да бидат злоупотребени ниту во дебатата во Софија, ниту, како што рече „сега да се изложиме со наши позиции без да знаеме кои ќе бидат позициите на земјите членки“.

    – Така е направена проценка дека ние треба сега да работиме со земјите членки, но, нашиот став ќе го дадеме откако ќе ги слушнеме сите во однос на текстот и откако ќе заврши анализата. Лесно е вие да го имате текстот и да кажете прв впечаток, наша работа е да направиме длабоки анализи за секој збор, за сите импликации кои што произлегуваат од тие зборови, за да го видиме поголемиот контекст што се случува на светско ниво, што се случува на европско. Кој е моментумот, кое е сценарио еден и кои последици би ги имало, сценарио два кои последици би ги имало. Верувајте, работиме професионално, без емоции, работиме во интерес на одбрана на државните интереси, имајќи го предвид вкупниот контекст во кој живееме, дополни тој.

    Министерот порача дека сега не е време за партиска политика, и како што рече „сега не е време за ексклузивитети, сега е време да ги средиме редовите и да си имаме државна позиција“. Притоа, дополни дека на крај ќе има став за секое прашање, ќе се процени, и граѓаните после ќе кажат дали тој став бил правичен или не.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img