Османи вели дека нема друга алтернатива освен да се премине преку провокацијата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија не може да дозволи провокацијата со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, во присуство на бугарскиот државен врв, да го прекине процесот на преговорите, иако отворањето на клубот за нас е неприфатливо, рече денеска на брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Откако во јавноста неколку дена има бурни реакции зошто власта дозволила да се одржи овој настан кој ги залади односите меѓу Скопје и Софија, Османи денеска објасни што претходело на настанот и како се поставила македонската страна.

– Првично потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова побара да дојде во Битола, а потоа ние дознавме дека ќе дојдат и Каракачанов и ЗахариеваСфативме дека отворањето на културниот клуб е провокација, со цел да се докаже наративот дека Бугарите во Македонија немаат малцински права и тоа да се искористи како оправдување за ветото. Ние не сакавме да дадеме алиби и затоа дадовме дозвола за одржување на настанот. Мислам дека името, а не отворањето на клубот е провокација. Најважно беше да не се потпадне под провокации. Нашиот став беше дека отворањето на клубот е неприфатливо, но нема тоа да го спречуваме – вели Османи и додава дека регистрацијата на името на клубот не е во надлежност на МНР.

Тој се согласува дека ова ќе ги отежне преговорите и вели „секако дека еден облак врз преговорите е спуштен“.

– Но не можам да дозволам ова да го прекине процесот на преговорите. Не можам да кажам дека сите што дојдоа во Битола сакаа да испровоцираат, туку дојдоа да спречат инцидент. Им кажував колку е погрешно, дури им праќав и CV од Ванчо Михајлов, но сепак мислев дека ќе биде погрешно да го спречиме настанот. Но сега е лесно во Европа да се објасни дека секоја историја не може да биде прифатлива за двете страни. Преговорите мора да продолжат бидејќи нема алтернатива – рече Османи.

Министерот вели дека Македонија нема да ги внесе во Уставот Бугарите додека не почне преговарачкиот процес со ЕУ, како и дека сѐ уште не знаат кој тој точно од Македонија се јавувал во Бугарија да го спречува преговарачкиот процес.

Share This Article