More

    Османи вели дека и двете земји имаат уште неисполнети обврски од Преспа

    spot_img

    Македонија денеска е членка на НАТО, поради тоа што Грција ја исполни својата обврска од Преспанскиот договор, изјави денеска министерот за надворешни работи и актуелниот претседавач на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Бујар Османи.

    Тоа, според него, е суштината на грчката обврска, додека протоколите се прашања кои се останати во нивниот Парламент, како што е останат нашиот Закон за МАНУ, Закон за МРТ и други прашања поврзани со имплементација на името.

    – Ние разговараме за тие аспекти. Тие да ги поминат своите закони, ние да ги поминеме нашите закони, но суштината двете страни ја имаат исполнето, Грција – евроатлантската интеграција, Северна Македонија – прашањето на уставните измени и имплементација на името. За мене како претставник на Влада ми е важно дека двете страни суштинските аспекти од Преспанскиот договор ги имаат исполнето, и се надевам дека и останатите обврски ќе ги почитуваат и тие не смеат да бидат пречка за имплементација на договорот за стратешко партнерство – рече Османи.

    Тој се надева дека во добра атмосфера ќе се имплементираат и последните обврски кои се останати во двата Парламента.

    – Ние сме членка на НАТО поради грчката поддршка и ЕУ. Тоа ако се загрози, тогаш ќе биде сериозно кршење на обврската на Грција на Преспанскиот договор и би имало сериозна реакција – рече Османи.

    Прашан дали постои можна најава за идно вето од страна на Грција, Османи одговори дека не постои таква можност и дека двете страни изразија надеж оти ќе се почитуваат обврските.

    На новинарско прашање што би се случило доколку идниот премиер продолжи да не го користи уставното име, Османи рече дека според најавите, не очекува да има прекршување на договорот.

    – Не би сакал да прејудицирам, ќе чекаме недела дена, ќе видиме. Според најавите, не очекувам дека ќе има прекршување. Се разбира, не е објаснување дека говорно ќе се спомене друго име, а пишано другото име. Нема такво објаснување во меѓународното право, но очекувам дека е тоа само транзиција за да се подготви јавноста. Ние охрабруваме да се почитува Преспанскот договор. Тие немаат никаква обврска, никаква одговорност по однос на Преспанскиот договор, не го изгласале, не го поддржувале, меѓутоа имаат обврска да го почитуваат. Тоа е државнички однос – додаде Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img