Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитки до Украина и до Молдавија за почетокот на разговорите со Европската унија, но и жалење бидејќи овој ден можеше да биде среќен и за нашата земја.
„Честитки до Украина и до Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да биде ден за славење и кај нас за отворање на поглавјата, но антиевропските темни сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Уште малку“, порача во напишаното Османи.
Лидерите на земјите-членки на ЕУ одлучија да ги отворат пристапните преговори со Украина и со Молдавија, изјави претседателот на Европскиот совет.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата додека лидерите донесоа одлука за отворање на пристапните преговори со Украина, потврдија за „Гардијан“ тројца европски дипломати. Набрзо и самиот Орбан се огласи преку Фејсбук и повтори дека Украина не е подготвена да ги започне пристапните преговори.