Османи се надева дека Вашингон ќе ги забрза македонските преговори за членство во ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и САД директно и формално се вклучат во гарантирањето на процесот на европска интеграција на Македонија, може да се создаде порелаксирана атмосфера во земјата за влез во поадминистративниот дел од преговорите за членство во ЕУ, вели поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во врска со блокираниот европски пат на земјава.

Османи вели дека Трамп и неговата администрација имаат различен пристап кон меѓународната политика. Трамп повеќе сака резултати сега, отколку дипломатија и разговори до бесконечност и билатерализација наспоти мултилатеризација.

– Мислам дека е доволно во оваа фаза Америка да биде тој гаранторот на дилемите овде, дали е ова последно барање или не. Тоа што го направи на пример германскиот Бундестаг во однос на идентитеските прашања. Доколку претседателот Трамп и Америка се вклучат директно и формално во гарантирањето на процесот, мислам дека може да се создаде една порелаксирана атмосфера овде, за да се влезе во тој поадминистративен дел на членството во ЕУ – рече Османи во емисијата „360 степени“’ на МРТ1.

Ексминистерот тврди дека и Али Ахмети, покрај премиерот Христијан Мицкоски, во Скопје се сретнал со блискиот соработник на Трамп, Ричард Гренел, за кој  е извесно дека ќе биде еден од важните функционери на новата американска администрација за нивната надворешна политика.

– Гренел е добар познавач на околностите овде и има лични контакти. Тој е запознаен со политиката овде. Мислам дека тоа е добро. Затоа што кога имате некој во внатрешниот круг на Трамп кој ги знае околностите, тоа значи подиректен ангажман. Така што тоа што и премиерот и Ахмети се сретнаа со Гренел, а Гренел е во потесниот круг на Трамп, е добро за нас. Сметам дека ни треба повеќе американски ангажман и за последното прашање со Бугарија и ЕУ и тоа може да биде дополнителна вредност – вели Османи.

Share This Article