More

    Османи: Сакаме нашата успешна приказна да биде вреднувана

    spot_img

    „Ние не бараме незаслужени награди, но би сакале нашата успешна приказна да биде валоризирана, особено во време кога на регионот, но и пошироко, му требаат такви примери“.

    Вака изјави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи во денешниото обраќањето пред членовите на Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент во Брисел. Османи оствари средба и со неформалната пратеничка група „Пријатели на Северна Македонија“ и изрази благодарност за бројните иницијативи и резолуции за земјата.

    „Пријатели на Република Северна Македонија“ се неформална група составена од пратеници во Европскиот парламент од различна политичка провиниенција, која е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на земјава во нејзините европски аспирации и цврста потпора на нашиот европски пат. Претседател на оваа група е европратеничката од Словенија, Ирена Јовева

    Османи во ЕП имаше одвоена средба со неколку европратеници меѓу кои и со бугарскиот пратеник Илхан Ќучук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img