Османи сака да се сретне со основачите на клубовите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во своето интервју за бугарскиот портал Нова кое го даде неспоредно по вандализирањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид вели дека би сакал да се сретне со основачите на бугарските клубови во земјава за да види кои се нивните идеи за отворање на истите и како што вели, да се направат мостови на соработка.

– Има ново законско решение(за имињата на клубовите). Можеме да разговараме со основачите на овие клубови за да видиме кои се нивните идеи за отворање на клубовите за да се направат мостови на соработка. Насилството не може да биде одговор и барам државата најбурно да реагира и мислам дека тоа се прави.

На прашањето дали мисли дека менување на имињата на клубовите би го решило проблемот Османи вели:

– Морам да разговарам со бугарската заедница и планирам да го направам тоа. Ајде да видиме која е целта. Ако целта е бугарската заедница да има свои организации, клубови. Ако идејата е подобро да се воспостави бугарската заедница. Работиме за ова – бугарската заедница да влезе во Уставот. Ако идејата е да се интегрираме во системот, да се запрат можните дискриминаторски политики кон него. Ајде да видиме кои се најдобрите начини да го направите ова. Мислам дека незадоволството на јавноста ќе го постигне тоа. Јас самиот сум од заедница која некогаш била потчинета на системот. И од моето искуство можам да кажам дека начинот што го избра бугарската заедница е погрешен пат. Ова го кажувам со најдобра намера. Наш интерес е бугарската заедница да биде интегрирана и во одлични односи со сите други заедници – македонскиот народ и другите народи.

Османи во интервјуто вели македонските институции веднаш го осудиле вандализмот и дека МВР ќе оди до крај и ќе открие кој стои зад оваа провокација. Тој во еден момент вели дека институциите имале резерва за името што било избрано за клубот.

– Имавме резерва за името што беше избрано за клубот. Сметаме дека тоа е провокација за нашите односи, провокација за јавноста. Никој во една земја не треба да биде предмет на напад, насилство. Имаме нулта толеранција за напади особено на помалите заедници – објаснува министерот.

Новинарот потоа го прашува Османи да ја коментира изјавата на премиерот Ковачевски кој, наводно рекол дека „тоа е очекувано бидејќи имињата на овие клубови се провокација“, но тој вели дека Ковачевски не кажал такво нешто.

– Не, мислам дека тоа не го кажа Ковачевски. Никој не го оправдува насилството без разлика како се вика. Постојат начини да се надминат овие разлики во однос на чувството за провокација што го имаат нашите граѓани за имињата – потенцира Османи.

Share This Article