More

    Османи повикува да се вратиме на позитивниот дијалог

    spot_img

    „Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори денеска Бујар Османи на новинарско прашање дали македонското МНР ќе испрати протестна нота по демолирањето на новоотворениот Македонски клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“. Османи појасни дека Р. Северна Македонија ги кажала сите ставови во однос на случувањата во двете држави. Ставови, исто така, рече Османи, стигнале и од Р. Бугарија, но време е да се стави крај на пинг-понг дебатата и вовлекување во бугарската предизборна кампања.

    „Да оставиме дипломатијата да си ја врши работата. Да ги исклучиме граѓаните од овие непотребни и вештачки кризи кои се создаваат на сметка на внатрешни динамики во едната или другата држава. Така што, барам разбирање, да ја вратиме позитивната агенда и мирот помеѓу граѓаните од двете држави и да разговараме за иднината“, изјави Османи.

    Османи оценува дека доколку се продолжи со ваквата динамика на комуникација Северна Македонија само ќе биде вовлечена во вртлогот на нестабилното политичко општество и целокупниот изборен циклус во Р. Бугарија.

    Во таа насока, министерот на македонската дипломатија Османи порача дека Северна Македонија не смееме да потклекне на било какви провокации и предизвици, особено не во еден ваков клучен период за нашата земја која е во процес за отворање на преговорите со ЕУ.

    „Ние не смееме да потклекнеме на таквите провокации и предизвици. Имаме скрининг којшто е во тек, имаме реформи коишто треба да ги спроведуваме и да ги оставиме граѓаните да ги изолираме и да ги поштедиме од овој немир“, потенцираше Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img