Османи побара инцидентите во Скопје да не се поврзуваат со односите меѓу Македонија и Бугарија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најважно е да не се ставаат односите меѓу навивачите во корелација со односите меѓу државите или било кои етнички групи или народи, бидејќи тоа е посебен свет кај навивачите и доколку дозволиме така лесно да се направи корелација и прелевање, само ќе направиме штета на односите. Сите оние кои ќе се обидат ова што се случи помеѓу навивачите да го стават во контекст на односите меѓу државите, немаат добри намери кон тие односи.

Ова е пораката од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешната прес-конференција на која одговараше на новинарски прашање во врска со случувањата поврзани со натпреварот на фудбалските клубови Шкупи – Левски во Скопје.

На прашање од бугарските новинари да ги коментира изјавите од некои бугарски политичари дека со овие инциденти Северна Македонија се оддалечува од Европа, Османи дециден дека „тоа е жално и некоректно“. Повтори дека сите што ќе се обидат да извлечат политички анализи од тензии помеѓу навивачи, тоа го прават злонамерно и не мислат добро на односите меѓу двете држави.

– Ставот на МНР на Република Бугарија беше коректен и тоа јас го ценам како однос на бугарската држава. Политичките партии коишто се обидуваат да добијат политички поени на основа на тензии меѓу навивачите, не и мислат добро ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија, ниту на односите помеѓу двете држави, уште помалку на основа на тензии меѓу навивачи да ја процениме европската подготвеност на Северна Македонија – рече Османи.

Потсети дека МНР веќе ги осуди и побара од надлежните органи да ги преземат сите мерки за да се идентификуваат сторителите и да се изведат пред лицето на правдата.
Тој информира дека и пред натпреварот е комуницирано на ниво на Влада и дека натпреварот е квалификувале како натпревар од висок ризик, а полицијата и МНР ги презеле сите мерки за да не дојде до насилство меѓу навивачите.

– Порано во Северна Македонија често имаше вакви инциденти од различни етнички групи и заедници, секогаш ми бил ставот дека не може преку навивачите да се донесат заклучоци во однос на односите што ги имаат различните етнички групи, а во овој случај навивачите. Тоа е посебен свет во кој навивачите имаат посебен однос и никогаш не треба ваквите случувања помеѓу клубовите, помеѓу навивачите од било кои групи да се ставаат во контекст на политичките односи внатре или помеѓу државите, рече министерот за надворешни работи.

Османи информираше дека повредениот е во добра здравствена состојба и е во комуникација со Амбасадата на Р. Бугарија и нашите здравствени власти се однесуваат најпрофесионално за да излезат во пресрет на потребата за згрижување.

Прашан за тоа што вчера имаше песна на бугарска телевизија со тешка содржина во смисла на говор на омраза и навреди кон нас, министерот Османи информира дека веднаш штом кога го добил видеото преку воспоставниот канал за комуникација за пријавување говор на омраза, пријавиле во МНР во Бугарија.

– Секогаш ќе има злонамерници и од двете страни, најважно е ние како институции да не дозволиме нарушување на односите и да не дозволиме тие да ни ја диктираат агендата – изјави шефот на македонската дипломатија.

- Advertisement -
Ad image

Додаде дека има многу стереотипи, многу недоверба, но затоа, подвлече, ќе мора да има барем некој што размислува поинаку и ги анализира, пријавува, презема мерки и се обидува да наметне конструктивна агенда во односите и да се врати довербата помеѓу двете држави.

Share This Article