Османи на средба со поранешните амбасадори во Софија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со поранешните амбасадори на Република Северна Македонија во Република Бугарија –Никола Тодорчевски, Александар Василевски и Марјан Ѓорчев. Средбата беше реализирана како дел од пошироките консултации на министерот Османи со истакнати личности од областа на надворешната политика, а поврзано со актуелниот политички дијалог со Република Бугарија. 

Османи ги запозна соговорниците со текот на разговорите,  меѓусекторската соработка, рефлектирана преку  воспоставените работни групи и континуираните средби на највисоко политичко ниво.

 Беше нагласено дека надминувањето на отворените разлики, претставува стратешки интерес и за двете држави, за што постои цврста волја и посветеност, која може да се огледа во динамиката на дијалогот меѓу двете Влади и одржувањето на заедничката Владина седница, на крајот на јануари.

Османи изрази интерес за нивните ставови, имајќи го во предвид нивниот мандат во Софија и доброто познавање на земјата.

„Го ценам Вашето искуство и запознаеност со околностите во односите на нашата држава со Република Бугарија и во оваа фаза на разговори, секоја сугестија и размислување е добредојдена и корисна, со цел размена на мислења и креирање на кохезивност за клучните прашања од стратешки интерес за нашата држава“, заклучи Османи.

Воедно, министерот Османи ги информираше своите соговорници дека во тек е процедурата за назначување на нов амбасадор во Бугарија.

Share This Article