More

    Османи гостува во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 каде разговараше за предлозите на првиот опозиционер Мицкоски за ВМРО-ДПМНЕ да влезе во широка влада, но без ДУИ во неа

    spot_img

    Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи гостува вечерва во дебатниот магазин „ClickPlus“ на ТВ21 каде разговараше за предлозите на првиот опозиционер Христијан Мицкоски за ВМРО-ДПМНЕ да влезе во широка влада, но без ДУИ во неа.

    Османи додава дека тоа било и за него изненадување, а откри и дека му се јавил на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој бил на состанок и не ја имал слушнато изјавата на Мицкоски.

    – Му кажав дека Мицкоски прифаќа уставни измени, но има еден услов – ДУИ да биде надвор од Владата. Тој се насмеа и ми рече: „Прифаќаме веднаш“. И тоа е нормално, затоа што ние работиме со месеци за земјата оди напред. И кога видовме дека Мицкоски после сите протести смени став, ние се изненадивме и да бидам искрен, тука Мицкоски докажа дека е политичар од 3-та или 4-та лига, кој политиката ја гледа како игра со кибрити и не знае дека пред него стои Али Ахмети кој политиката не ја гледа како игра. Али Ахмети цел свој живот го има посветено на напредок на земјата во ЕУ – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img