Осмaни ги прими кредитивните писма од новиот австриски aмбасадор, Памер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денес ги прими копиите акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер.

Министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот Амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка, како и изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво, што претставува потврда за определбата и интересот на двете држави за натамошно зајакнување на односите и во економската сфера.

Амбасадорот Памер ја реафирмира позицијата на недвосмислена поддршка на Австрија за нашиот евро-интегративен процес, поздравувајќи ја сеопфатната реформска агенда на Владата на Северна Македонија со акцент на актуелните предизвици во земјата.

На средбата стана збор и за соработката во контекст на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, со акцент на успешното функционирање на Организацијата, како и за предизвиците во однос на руската агресија врз Украина.

Share This Article