Османи е уверен дека нивната волја ќе биде почитувана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се надевам дека секој граѓанин во Република Албанија го искористил своето право и се попишал онака како што се чувствува – рече шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на брифинг во МНР во врска со претстојниот попис во Албанија, на кој припадниците на македонското малцинство се жалат на агресивна политика на поткуп и притисоци кон населението од страна на емисари од Бугарија.

Османи рече дека имал јавни настапи и заедно со МНР ги повикувал Македонците во Албанија да се попишат како што тие сакаат. Османи истакна дека имале комуникација и со албанските власти и нашата Амбасада во Албанија е активна во тој дел.

Поранешниот пратеник во Албанското Собрание и претседател на единствената македонска партија во Албанија Васил Стерјовски побара продолжување на пописот бидејќи во последните три недели од официјалниот старт жителите во македонските краишта не се попишувале бидејќи голем дел од луѓето кои живеат таму својата егзистенција ја обезбедувале со сезонска работа во соседните земји. Главен механизам на закана биле и бугарските пасоши, кои во случај да се изјаснат како Македонци ќе им бидат одземени или на апликантите воопшто нема да им бидат доделени.

– Високи функционери од Бугарија ги посетуваат регионите каде што живеат Македонците во Република Албанија. Делат помош, нудат државјанства како на пазар – изјави денеска за Локално.мк, претседателот на македонското друштво „Илинден“ -Тирана, Никола Ѓурѓај. Како што истакнува, мешањето од бугарската држава последните години и сега во време на пописот во Република Албанија е зголемено и поагресивно, односно, како што вели, цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци врз Македонците да се попишат како Бугари со сите методи.

Share This Article