информира денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во изјава за телевизија Канал 5 Османи рече дека е во редовна комуникација со амбасадата во Украина за да им се помогне на сите македонски граѓани.
– Досега имавме неколку апели за да се искористат сите комерцијални летови за да се вратат во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата амбасада таму од утринава. Имаме неколку граѓани кои што бараат одредени документи за да можат да ја напуштат земјата – рече Османи.