Ослободени руски државјани во знак на благодарност кон рускиот претседател

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Членовите на палестинското движење Хамас планираат да ослободат уште руски државјани во знак на благодарност до рускиот претседател Владимир Путин, изјави членот на Политбирото на палестинското движење, Муса Абу Марзук.
– Не ослободивме ниту еден Израелец кој е во Газа, освен Русинот Рон Кривој, кој го ослободивме во знак на благодарност на движењето за ставот на рускиот претседател Путин. Денеска ќе бидат ослободени уште неколку Руси, што е надвор од опсегот на договорот за примирје – напиша тој на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Израелската телевизија Кан, повикувајќи се на висок член на Хамас, објави дека групата ќе ослободи двајца заложници со руско државјанство.

Ова не е првпат Хамас да прави исклучоци за руските граѓани, по ослободувањето на руско-израелскиот државјанин Рон Кривој,  што Хамас го нарече чин на „почитување“ на позицијата на Москва.

„Тоа беше единствената светска сила која отворено соработуваше со групата за време на војната“ – истакнаа од Хамас.

Вкупно седум лица со руско државјанство се земени како заложници, соопшти израелската влада.

Share This Article