More

    Ослободената старица му пружа рака и му се забагодарува на борецот на Хамас

    spot_img

    Две повозрасни жени, кои биле земени како заложници од милитантите на Хамас  во нападот на Израел од 7 октомври, синоќа беа ослободени. Една необична сцена при ослободувањето на заложничките посебно привлече внимани.

    Кога хуманитарните служби ја преземаат Јочевда Лифшиц, старицата застанува, се враќа и му пружа рака да се поздрави и да му се заблагодари на борецот на Хамас кој ја придружува во акцијата за ослободување.

    Ќерката на ослободената старица која веднаш дошла да ја посети во болницата во Израел, вели дека моментот кога нејзината го држи за рака еден од киднаперите и за неа бил неверојатен.

    -Начинот на кој таа замина, а потоа се врати и потоа рече благодарам беше прилично неверојатен за мене. Таа е таква – изјави Шерон Лифшиц за Би-Би-Си.

    Таа рече дека нејзината мајка изгледа добро и настојува да сподели информации со семејствата на другите заложници со кои била.

    -Медицинските сестри велат дека е многу остра и многу сака да сподели информации со семејствата на другите заложници со кои била – изјави Шерон Лифшиц.

    Таа истакнува дека е пресреќна што повторно ја гледа својата мајка.

    -Да ја видам мајка ми повторно е неверојатна работа. Да ја држиш за рака, само да и го бакнувам лицето и образот, толку сум горда на неа, таа е неверојатна – вели ќерката на ослободената заложничка.

    Шерон Лифшиц вели дека ослободувањето на нејзината мајка е „мала светлина, но има и огромна темнина бидејќи војната сè уште трае“.

    -Сè уште има повеќе од 200 луѓе таму и не смееме само да се заглавиме во сопствената лична среќа, туку да работиме да ги ослободиме сите.

    Во моментов приоритет на семејството и на нејзината мајка е да ги најдат останатите заложници, вели Шерон, која живее во Лондон.

    -Седеше со луѓе кои ги познаваше цел живот и со децата и внуците на нејзините пријатели. Таа сака да ги изнесе информациите, сака да работи на тоа да ги испрати дома, сигурна сум – вели Шерон Лифшиц.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img