More

    Оскаровецот стана првиот човек што се искачи на Емпајер Стејт Билдинг

    spot_img

    За да го прослави почетокот на турнејата на својотт бенд „Thirty Seconds To Mars“, актерот и оскаровец Џаред Лето реши да влезе во историјата и да се искачи на Емпајер Стејт Билдинг.

    Во четвртокот, оскаровецот стана првиот човек кој се искачи на врвот на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк.

    „Успеав, жив сум, стигнав до врвот. Баш зборував за тоа како ја видов мајка ми на прозорецот од 80-тиот кат и тоа беше убаво изненадување“, изјави 51-годишниот музичар и актер за „Тудеј“ по искачувањето.

     

    „Неверојатно е да се гледа изгрејсонцето над градот кој толку многу ми значеше уште од детството. Њујорк беше место каде што одевте за да ги остварите вашите соништа. Како дете сакав да бидам уметник, а Њујорк беше место каде што се стануваше уметник. Емпајер Стејт Билдинг отсекогаш бил тој симбол за мене. Како што можете да видите, тоа беше многу предизвикувачки“, додал тој.

    И покрај славењето, Лето признал дека историското искачување било малку потешко отколку што очекувал.

    „Искрено, бев повеќе возбуден отколку нервозен. Беше навистина, навистина тешко. Беше многу потешко отколку што мислев дека ќе биде“, рече Лето.

    Светската турнеја на бендот „Thirty Seconds To Mars“ треба да започне во Јужна Америка на 15 март, по што ќе оди во Европа и Северна Америка, а треба да заврши во Нов Зеланд на 19 септември.

     

    ФОТО: Инстаграм/Икс

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img