Осигурувањето одбива да ѝ ги исплати трошоците за судењето против Џони Деп

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската актерка Амбер Херд се соочува со нова правна битка откако нејзината осигурителна компанија одби да ѝ плати осигурување до милион долари за да ги покрие трошоците за тужбата против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џони Деп.

Осигурителната компанија „New York Marine and General Insurance Co“ во петокот поднела тужба против актерката пред федералниот суд бидејќи смета дека не мора ништо да ѝ плати бидејќи нејзиниот пораз на суд во случајот што против неа го покренал нејзиниот поранешен сопруг бил резултат на нејзините постапки, односно однесување, пишува „ЛА Тајмс“.

Во 2019 година, Деп побара отштета од 50 милиони долари од неговата поранешна сопруга за нејзиниот текст објавен во „Вашингтон пост“ во декември 2018 година, во кој таа тврдеше дека е жртва на семејно насилство. Иако во написот не го именуваше Деп, ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ на суд изјави дека е јасно дека тој е предмет на статијата.

Минатиот месец, Деп победи по шестнеделниот судски спор со Амбер Херд и му беше доделена отштета за клевета од повеќе од 10 милиони долари..

Осигурителната компанија тврди дека е обврзана да го исплати осигурениот случај според полисата само доколку осигуреникот сам не ја предизвикал штетата, повикувајќи се на законот во Калифорнија според кој осигурителната компанија „не е одговорна за загубите кои се последица на свесниот чин на осигуреникот“.

Share This Article