Според многумина, хрватската пејачка Северина Вучковиќ е една од најубавите и најуспешните пејачки во регионот, а освен со својата музика, вниманието го привлекува и со интересниот стил на облекување, па неколкупати е прогласувана и за најдобро облечена славна личност во Хрватска.
Дека Севе отсекогаш била храбра кога станува збор за стилот и облеката докажува и фотографијата направена во 1988 година, кога пејачката за првпат се претставила пред сплитската публика на еден фестивал.
Северина облекла фустан со спуштени раменици, впечатливи обетки и голема шешир со цветни детали.
Таа тогаш имала 16 години, а многумина не ја препознале пејачката на старата фотографија, па претпоставиле дека тоа е српската актерка Маја Сабљиќ.
ФОТО: Инстаграм