Оружјето на НАТО ќе помогне во ослободувањето на Донбас

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина може да продолжи со години и дека украинските сили се соочуваат со поинтензивни руски напади откако Европската комисија препорача Киев да добие кандидатски статус за ЕУ.

Столтенберг во интервју за германскиот „Билд ам Зонтаг“ рече дека снабдувањето со високотехнолошко оружје за украинските сили ќе ги зголеми шансите за ослободување на Донбас од руската контрола.

– Треба да се подготвиме за фактот дека ова може да потрае со години. Не смееме да ја ослабеме поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната – рече Столтенберг.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој го посети Киев во петокот, даде слични коментари за Сандеј Тајмс за неопходноста за подготовка за долга војна.

Share This Article