More

    Оружје патува по коридор од Северна Кореја до Русија

    spot_img

    Северна Кореја ја снабдила Русија со над 1.000 контејнери воена техника и муниција, јави американскиот Стејт департмент и објави снимки и карта на патот на оружјето. Џон Кирби, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД рече дека земјата го осудува овој потег.

    Според извештајот, се работи за оружје снабдено во периодот од 7 септември до 1 октомври 2023 година. Лондонскиот тинк-тенк РУСИ(Ројал Јунајтед Сервис Институт) во свој извештај напиша дека споменатата нова линија за снабдување може значително да влијае на војната во Украина и на безбедносната ситуација во Источна Азија.

    „Сè уште нема многу оружје на Северна Кореја во Украина, но тоа наскоро ќе се промени“.

    РУСИ пишува и дека Русија транспортира „стотици контејнери“.

    Њузвик пишува дека Северна Кореја може да произведе големи количества артилериска муниција бидејќи нејзината одбрана главно се состои од артилерија.

    „Затоа Пјонгјанг инвестираше толку многу во фабрики за муниција за советската артилерија со која располага“, се вели во напис на весникот.

    На снимките кои ги направиле САД можат да се видат два товарни брода. Тие пловеле под руски знамиња и со исклучени предаватели, неколку пати ја минувале рутата меѓу пристаништата Дунај и Рајин. Се чини дека муницијата на крајот ќе заврши во складиште во рускиот град Тихорецк во Краснодарската област во јужна Русија. Тој град е оддалечен околу 193 километри од руско-украинската граница.

    Откако ја нападна Украина на крајот на февруари 2022 година, Москва се обидува да се приближи до Пјонгјанг. Северна Кореја соопшти дека Русија ја ужива нејзината целосна поддршка.

    САД исто така се загрижени од поради помошта што Русија ја дава на Северна Кореја. Во замена за помошта за Москва, Пјонгјанг се надева да добие од Русија воена помош како ловци, ракети земја-воздух, оклопни возила и материјал и опрема за производство на балистички ракети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img