По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08
2024 г. Општина Охрид организира бесплатен превоз до с. Скребатно каде е
големиот верски храм посветен на Пречиста.
Тргнувањето е во 08:30ч. од автобуската постојка пред пекарата
„Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето
за назад е во 16:30 ч.
Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“.