Организацијата Студентски Отпор вели дека никогаш не би седела на маса со „криминогени партии“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Органзацијата Студентски Отпор на Фејсбук реагираше на веста дека нејзини членови биле на состанок со партијата ВМРО-ДПМНЕ за да бараат студентскиот оброк да изнесува 160 денари наместо субвенционираните 140. Тие велат дека на сликата не се членови на организацијата, туку дека тоа се членови на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека никогаш не би отишле на средба со оваа партија.

 

Ја пренесуваме нивната реакција:

„Денеска во јавноста на интернет портали блиски до политичката партија ВМРО – ДПМНЕ произлезе вест дека претставници на студентската организација Студентски Отпор оствариле средба со пратенци на ВМРО – ДПМНЕ во однос на нивниот предлог закон за субвенциониран студентски оброк.
Јавноста ја информираме дека ова е само еден патетичен обид да се дискредитира и партиски да се обои движењето Студентски Отпор!
Луѓето што присуствуваа на таа средба не се наши членови, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО – ДПМНЕ, односно УМС.
Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија.
Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко.
Воедно, независните медиуми ги потсетуваме дека, поради вакви потези на одредени политички партии во Македонија кои имаат за цел да го партизираат ова студентско движење, да бидат повнимателни доколку известуваат за соопштенија или активности извршени од наша страна. Да известуваат единствено од официјалните профили на социјалните мрежи на Студентски отпор или од нашиот официјален емаил: otpor.studentski@gmail.com“, реагираат од Студентски отпор.
Share This Article