Организаторите со 4 конкретни барања за скопјани да имаат почист воздух

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието на Република Северна Македонија и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје.

Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни барања за борба против аерозагадувањето во Скопје.,

– Првото барање е јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за да се знае точно кој и како загадува. Второто барање се однесува на еколошко загревање на објекти како Детската клиника во Козле, која сè уште се загрева на мазут. Третото барање е решавање на автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите над автомобилите и четвртото барање е подобро управување со отпадот – изјави Борјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“.

Од првиот протестен марш што се одржа на 10 декември поминаа речиси три недели.

– Две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките – изјавија од „Зелен хуман град“ во најавата за протесот.

Според податоците на УНИЦЕФ, 11,6% од смртните случаи кај новороденчињата во земјава се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето.

Share This Article