Министерството за надворешни работи информираше дека забраната за снимање на државното знаме и знамето од Кутлеш од страна на Канал 9, по наредба на огранизаторот на Австралија Опен е ненамерна грешка, за што било добиено извинување од Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и од организаторот на турнирот.
„По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир Австралија Опен, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагираше до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, Австралија Опен“, се вели во соопштението од МНР.
Оттаму додаваат дека е добиено уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е веднаш исправена и која не предизвикала ефективни ограничувања. Било испратено длабоко извинување и уверување дека инцидентот нема да влијае врз силните врски помеѓу граѓаните на Австралија и Северна Македонија, кои се карактеризираат со пријателство и љубов кон спортот.
„Организаторот појасни дека согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот; воедно добивме и потврда дека за време на учеството на нашата натпреварувачка Лина Ѓорчевска, официјалното знаме на земјава било присутно на трибините меѓу гледачите без никакви ограничувања“, додаваат од МНР.
Можеби ќе ве интересира
ШВАЈЦАРИЈА Е ФАВОРИТ, НО МАКЕДОНИЈА НЕМА ШТО ДА ИЗГУБИ…
Плусинфо 16/01/2024
НЕМА ВИДЛИВИ ТРАГИ, НО ПСИХАТА СТРАДА Расте бројот на жртви…
Плусинфо 15/01/2024
Инаку медиумите во Македонија споделија информација дека македонското државно знаме, како и знамето од Кутлеш (Вергина) се забранети за снимање на Австралија опен, по објава во групите на Македонците во Австралија на социјалните мрежи.
Организаторот на турнирот на снимателите од Канал 9, кои ги реализираат преносите од првиот гренслем-турнир во годината, им поделил флаери со знамиња кои не треба да бидат снимани доколку се појават на трибините.
На флаерот со инструкции се знамињата на Палестина, Белорусија, Русија, Тајван, Израел и верувале или не – на Македонија. Освен државното знаме на Македонија, забрането е да се снима и знамето со 16-кракото сонце, во неговата црвена и сина (грчка) варијанта.