More

    Орбан вели дека Западот ѝ испраќа сè помодерна опрема на Украина

    spot_img

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната во Украина е „загрижувачка и опасна“ и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.

    Орбан додаде дека „се повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“ и дека „Западот ѝ испраќа на Украина сè помодерна опрема“, пренесува МТИ.

    – Додека, од една страна, може да звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека, ако сè продолжи вака, може да дојде до трета светска војна, тоа е навистина реална опасност – посочи Орбан.

    Унгарскиот премиер додаде дека војната станува сѐ покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери кои го поддржуваат мирот не е зголемен.

    – Во исто време, народот во Европа почна повеќе да зборува за прекин на огнот, мировни преговори, но бројот на жртвите се зголемува – додаде Орбан.

    Тој истакна дека предлогот на Будимпешта за решавање на кризата во Украина се однесува на прекин на огнот.

    – Унгарскиот парламент ќе усвои резолуција што ќе ја одразува нашата позиција, бараме мир и прекин на огнот – рече Орбан.

    Тој додаде дека во унгарскиот предлог не станува збор за тоа каков тип мировен договор треба да се потпише, туку дека се работи исклучиво за прекин на огнот.

    – Мора да се постигне прекин на непријателствата. Не смее повеќе да се губат човечки животи. Откако ќе дојде до прекин на огнот, се создаваат шанси за мировни преговори – порача Орбан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img