Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека конфликтот во Украина немаше да се случи доколку Доналд Трамп сè уште беше претседател на САД, а Ангела Меркел беше германска канцеларка.
Тој смета дека нема да има прекин на огнот или мир без руско-американски преговори бидејќи Москва повеќе не сака да разговара со лидерите на Европа, кои не можеа да ги спроведат договорите од Минск од 2015 година.
Затоа, мировните преговори ќе бидат реални дури во 2024 година, по претседателските избори во САД, пренесе dailynewshungary.
Според него, санкциите, со нивното разорно економско влијание, „нема да ја променат ситуацијата“ и „Украинците нема да излезат како победници“.
– Потребна е нова стратегија, која треба да се фокусира на мировните преговори наместо да се обидува да ја добие војната. ЕУ не смее да застане на страната на Украинците, туку да се позиционира“ меѓу двата табора – изјави унгарскиот премиер оценувајќи дека колку повеќе Западот испраќа оружје во Украина, толку подолго ќе трае војната.